1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција испровоцирана од „Воинот на коњ“

Грчките власти во новата скулптура на плоштадот Македонија во Скопје го препознаа Александар Велики и ги обвинија македонските власти за ширење национализам и конфликти.

default

Скулптурата наречена „Воин на коњ“, која пристигна на плоштадот „Македонија“ во Скопје, за властите во Атина преставува провокација и крадење на грчката историја.Препознавајќи го Александар Велики во ликот на скулптурата, грчките власти велат дека неговото поставување преставува узурпација на грчката историја и ширење на национализам и конфликти.

„Оваа политика е прекршување на духот на Привремената Спогодба, провокативна и е за осуда, ги поткопува билатералните односи и наштетува на преговорите под покровителство на ОН“, изјави портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас.

Порака до Скопје да избегнува провокации

Finanzminister beraten über Euro-Krise

Официјална Атина револтирана од статуата во Скопје

Според него најновиот потег е во спротивност на добрососедски односи и ќе има неизбежни последици по евроатлантските перспективи на ПЈРМ.

„Уште повеќе, овој потег следува по неодамнешните гаранции на политичкото лидерство на ПЈРМ пред ОН и меѓународната заедница дека планираат да работат искрено кон надминување на спорот со името“, изјави Делавекурас.

Тој му порача на македонскиот премиер Никола Груевски да работи искрено и сериозно кон надминување на спорот со името меѓу двете земји, а не да прави, провокации за да ја избегне реалноста.

„Име со географска одредница за сите употреби во односите со сите држави е решението што ќе овозможи градење на добрососедски односи, ќе придонесе за регионална стабилност и ќе ги одблокира европските перспективи на ПЈРМ“, рече Делавекурас.

Автор: СН/АТ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска