1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Грција има нова влада

Од тројца станаа двајца - во Атина отсега ќе владеат само конзервативците и социјалистите. Тесно мнозинство има и со само два партнера во владата, која пред неколку дена ја напушти Демократската левица.

Во составот на владата на Грција е направена голема реконструкција. Сменети се министрите за надворешни работи, одбрана, правда и за административни реформи, а во новиот кабинет влегоа претставници на социјалистичката партија ПАСОК, со што се смени структурата на кабинетот, објави владиниот портпарол Симос Ледикоглу.

Со реконструкцијата на владата на Самарас, лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос (на фотографијата десно), е именуван за вицепремиер и министер за надворешни работи, а досегашниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос е назначен за министер за одбрана, додека неговиот претходник на оваа должност Панос Панајиотопулос ќе го води министерството за култура.

Грчкиот премиер Антонис Самарас пред неколку дена изјави дека неговата влада ќе го доврши четиригодишниот мандат, и покрај излегувањето од коалицијата на најмалиот партнер, Демократската левица. Оваа изјава дојде откако минатиот четврток челниците на трите партии од владејачката коалиција во Грција не успеаја да се договорат околу обновувањето на работата на јавната радио-телевизија ЕРТ.

Владејачката Неа Демократија има 125 мандати од 300 места во грчкиот парламент. ПАСОК има 28 пратеници а ДИМАР - 14. За носење одлуки во парламентот неопходни се 151 глас, а коалицијата на конзервативците и социјалистите има заедно 153 гласови.

Венизелос за Македонија

Новиот шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос, кон средината на мај, говорејќи во Центарот Вудро Вилсон во Вашингтон, најави дека Грција во јуни повторно ќе стави вето на отворањето на преговорите за членство на Македонија во Европската унија. Венизелос тогаш побара да се почитува тајноста на разговорите и да не се излегува во јавност со податоци за нивниот тек, но побара и од Македонија да се помири со, како што рече, постоењето на црвени линии од страна на Грција.