1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Грција изненадена поради средбата Меркел - Нимиц

Ниту грчката, ниту македонската страна не биле претходно информирани за средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со медијаторот Метју Нимиц, пишува денеска грчки „Реал“.

Дипломатски извори за весникот не ја криеле својата вознемиреност поради фактот што не биле информирани за средбата, „особено со оглед на тоа што неколку дена претходно во Њујорк се одржаа неплодни разговори“ меѓу Нимиц и амбасадорите Јолевски и Василакис.

Весникот коментира дека е „импресивен фактот што Меркел и покрај тоа што сѐ уште има консултации за состав на новата Влада, нашла време да се сретне со медијаторот на ОН“.

Останатите грчки медиуми го пренесоа соопштението на германската Влада за средбата Меркел-Нимиц без коментари, истакнувајќи во своите наслови дека „Меркел одеднаш се интерсира за Скопје“, „Меркел ги поддржува напорите на Нимиц“, „Германија се интересира за прашањето за името на Скопје“ и слично.