1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Грција – избори

*

Грчкиот премиер Костас Караманлис ќе побара распишување предвремени парламентарни избори во земјата за 16 септември, шест месеци пред истекот на мандатот на сегашната влада, соопшти вчера портпаролот на грчката влада Теодор Русопулос. Караманлис денеска ќе се состане со грчкиот претседател Каролос Папуљас за да побара распуштање на парламентот и распишување на изборите на 16 септември. Владата на Карамалис ќе бара од грчкиот народ нов мандат и поддршка за продолжување на економските реформи што ги започна од формирањето во март 2004 година, изјави Русопулос.