1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција заостанува со реформите, но може да смета на нова помош

Меѓународната Тројка ја заврши проверката во Грција, Атина повторно ги нема исполнето сите реформски и цели за штедење. Чуварите на европската благајна меѓутоа мораат да одлучат за нова транша помош.

Грција, според проценките на меѓународните донатори не ги исполнила целосно целите за штедење и за реформи. Грчките власти за време на проверката од страна на Тројката (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) меѓутоа дале веување, дека ќе преземат нови мерки за да се исполнат целите за штедење во тековнава и наредната година, соопштија денеска Комисијата на ЕУ, Европската централна банка и (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Тројката соопшти дека грчките власти се обврзале при програмата за штедење на натамошна реформа на даночниот систем и да ги стават под контрола дополнителните давачки во здравствениот систем. Владата подготвувала и нови закони за поддршка на програмата за помош.

Исто така и реформата на јавниот сектор би требала да се врати на колосек. Во Грција денеска (08.07.) на протести излегоа илјадници вработени во локалните власт, демонстрирајќи против евентуалните масовни отпуштања. „Тргнете ги рацете од локалните власти“, скандираа демонстрантите. Тие се закануваа со уште поостри борбени методи и постојан штрајк.

Министрите за финансии на земјите на еврото денеска на средба во Брисел ќе бидат информирани за резултатите на Тројката, изјави шефот на еврогрупата Жерон Дијселблум. На агендата на ресорните министри се наоаѓа одлука за натамошна помош во форма на кредити и можните услови кои Атина за тоа би морало да ги исполни. Министрите имено би требало да ја одобрат следната транша во висина од 8,1 милијарди евра. На средбата во Брисел треба да присуствува и шефицата на ММФ, Кристин Лагард.

Се очекува, дека сумата нема да биде исплатена според планираното на крајот на јули, туку во Атина ќе се влее подоцна и поделена на повеќе рати.