1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција е веќе банкрот, тврди грчки професор

Економистот Јанис Варуфакис смета дека и државата и нејзиниот банкарски систем банкротирале уште во март годинава.

Грција банкротира уште во текот на март 2012 година, заедно со банкарскиот систем на земјата, тврди грчкиот професор Јанис Варуфакис во интервју за весникот „Фри сандеј“.

Познатиот економист смета дека пролонгирањето на рокот за ликвидирање на грчкиот долг банкротот на земјата го прави уште посигурен, па затоа и препорачува Атина да ги прекине плаќањата за долгот.

Професор Варуфакис смета дека еврозоната може да излезе од кризата, но е категоричен дека монетарната унија ќе се распадне, ако една земја се повлече од неа.

Грчкиот економист е познат и како категоричен противник на меморандумот за финансиска помош, потпишан од Атина, и е против мерките за буџетски кастрења.

Тој повика на воведување отворена солидарност на богатите земји од северна Европа кон нивните посиромашни роднини од периферијата на монетарната унија.

Според него, должничката криза, дефицитот и проблемите што произлегоа од нив, се последица на една „болна политика“, водена од Европската унија.