1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Грција, европски шампион

Чудо или не, веќе е сеедно, Грција, е новиот европски шампион во фудбал. На трибините во Лисабон и насекаде низ Европа грците славеа. Најголемото изненадување на ЕП во Португалија на најдобар можен начин, совладувајќи го домаќинот co 1: 0, се искачи на фудбалскиот врв на Европа.

Грците му се радуваат на пехарот

Грците му се радуваат на пехарот

Предводени од фанатстичниот германец, Ото Рехагел, грците кои ниту на сон не се надеваа на овој огромен успех, долго во ноќта насекаде го прославуваа историскиот настап на ЕП. Славенички го отворија, со победнички пехар в рака ја спуштија завесата на првенството, на двапати победувајќи го домаќинот, репрезентацијата на Португалија.

За тренерот на Грците, германецот Ото Рехагел фудбалската историја е испишана , ова е сензација, ние сме прваци на Европа, вели Рехагел

“ Некој да ми раскажуваше дека вакво нешто ќе се случи ќе го сметав за налудничав. Но, тоа е чудесното во животот, што има ситуации кои неможе да се предвидат. Три години одлично соработувавме и морам во оваа прилика на екипата уште еднаш да и упатам големи комплименти“

Со полна уста пофалби за Рехагел, неговиот заменик на клупата, Јоанис Топалидис

“Харизма, тоа го има овој тренер. Каде и да оди, играчите секогаш ќе го сакаат“

И градоначалникот на Атина, Дора Бакојанис, на чиј плоштад Омонија, цел град прославуваше изразува благодарност

“Сакаме да му изразиме голема благодарност на Ото Рехагел, без него сето ова не ќе беше можно“

За стрелецот на победничкиот гол Харистеас, ова се најубавите моменти од неговата кариера

“Ова е неверојатно, ние сме европски прваци. Тоа е неверојатно за грчкиот фудбал. Сакам само да кажам дека денеска сите грци во Германија, Австралија, во цел свет треба да слават“

Премиерот Костас Караманлис кој мечот го следеше е благодарен на момчињата кои и подарија огромна победа на Грција, ова е одлична покана за претстојните Олимписки игри, вели Караманлис.

Ото Рехагел не сакаше да ги коментира шпекулациите дека тој ќе го наследи Руди Фелер на селекторската позиција кој даде отказ по неудпехот на Германија на првенството. Прв во игра беше Отмар Хицвилд но тој се повлече.

Португалците загубија, но спортски го поднесоа поразот. Навивачите благодарни за нивниот настап, не тагуваа и тие го славеа успехот на нивните миленици кои се европски вицешампиони.

За португалскиот тренер Луис Фелипе Сколари е тешко да се загуби на ваков начин од тим кој играл дефанзивно, но знаел тоа добро да го искористи. Бразилецот им се извини на португгалците бидејќи не можеле да постигнат гол.

“Не успеавме да оствариме победа, но убеден сум дека на наредниот шампионат, ќе стигнеме до титулата, изјави португалскиот премиер Хозе Мануел Дурао Баросо“

ЕП во Португалија има и свои куриозитети, Грција е првата репрезентација која стана шампион со странски тренер и прва која не прими ниту еден гол во последните три натпревара кои ги доби со идентични 1:0. За прв пат на големите турнири исти екипи го отворија и затвоприја натпреварувањето

Португалија е првата репрезентација домаќин која стигна до финале но не го освои трофејот. Досега тоа им појде од рака на Шпанија 1964, Италија 1968 и на Франција во 1984

Викендов кој беше исклучително богат со настани ги донесе старо новите победници на неофицијалното светско првенство во тенис, во машка и женска конкуренција. Бројот еден на АТП листата Швајцарецот Роџер Федерер успешно ја одбрани титулата совладувајќи го американецот Енди Родик во возбудлив меч, со 3:1 во сетови.

Со ова тој стана вториот машки натпреварувач кој по Пит Сампрас во 2000 успеа двапати по ред да триумфира на Вимблдон.

Вистинско откритие е младата русинка Мариа Шарапова, која со своите 17 години во историјата стана втората најмлада победничка на Вимблдон, по Мартин Хингис во 1997 година. За својот огромен успех Шарапова која до триумфот стигна со победата во финалниот дуел против Серена Вилијамс, таа вели:

“Треба едноставно да веруваш во себе, мислам, години наназад верував во себе и се замислував овде еден ден, но никогаш не помислив дека тоа ќе дојде толку бргу“

Возачот на Ферари, Германецот Михаел Шумахер е победник на трката за големата награда на Франција, која викендов се возеше на патеката во Мањикур. Во десетата годинешна трка Супериорниот германец стигна до својата девета победа , или вкупно 79 во неговата кариера. Второ место, го освои Фернандо Алонсо од Вилијамс рено, а трет Рубенс Барикело од Ферари.