1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Грција, европски шампион

Чудо или не, веќе е сеедно, Грција, е новиот европски шампион во фудбал. Најголемото изненадување на ЕП во Португалија на најдобар можен начин, совладувајќи го домаќинот co 1: 0, се искачи на фудбалскиот врв на Европа.

Грците прославуваат, со победничкиот пехар в рака

Грците прославуваат, со победничкиот пехар в рака

Предводени од фанатстичниот германец, Ото Рехагел, грците кои ниту на сон не се надеваа на овој огромен успех, долго во ноќта насекаде го прославуваа историскиот настап на ЕП. Славенички го отворија, со победнички пехар в рака ја спуштија завесата на првенството, на двапати победувајќи го домаќинот, репрезентацијата на Португалија.

Грците, вечерва ја испишаа фудбалската историја, ова е сензација, ние сме прваци на Европа, беа зборовите не воодушевување по мечот на тренерот на грците, германецот Ото Рехагел, еден од најзаслужните за историскиот успех.

“ Некој да ми раскажуваше дека вакво нешто ќе се случи ќе го сметав за налудничав. Но, тоа е чудесното во животот, што има ситуации кои неможе да се предвидат. Три години одлично соработувавме и морам во оваа прилика на екипата уште еднаш да и упатам големи комплименти“

Португалците, според грчкиот стратег, технички биле подобри, но тие ја искористиле нивната шанса. Според Рехагел, неговиот тим можел да постигне уште еден гол. Тој е најзаслужниот за успехот, заменик тренерот на репрезентацијата, Јоанис Топалидис, за него вели;

“Харизма, тоа го има овој тренер. Каде и да оди, играчите секогаш ќе го сакаат“

И градоначалникот на Атина, Дора Бакојанис, на чиј плоштад Омонија, цел град прославуваше изразува благодарност

“Сакаме да му изразиме голема благодарност на Ото Рехагел, без него сето ова не ќе беше можно“

За стрелецот на победничкиот гол Харистеас, ова се најубавите моменти од неговата кариера, исто како и за капитенот Загоракис, кој по мечот изјави, дека оваа титула е посветена на сите Грци

Португалците загубија, но спортски го поднесоа поразот. Навивачите благодарни за нивниот настап, не тагуваа и тие го славеа успехот на нивните миленици кои се европски вицешампиони.

"Не успеавме да оствариме победа, но убеден сум дека на наредниот шампионат, ќе стигнеме до титулата, изјави португалскиот премиер Хозе Мануел Дурао Баросо“.