1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција: Деновиве одговор на последниот предлог на Нимиц

Во текот на минатата недела во Атина интензивно се разменувале мислења и забелешки за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името.

Официјална Атина деновиве треба да го испрати својот одговор на последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на прашањето за името на Македонија, јави дописникот на  македонската новинска агенција МИА од Атина.

Грчки дипломатски извори претходно соопштија дека во Атина минатата седмица интензивно се разменуваа мислења и забелешки за последниот предлог на Нимиц и на маса се различни варијанти на сложени имиња кои ќе бидат испратени во Њујорк откако премиерот на Грција Андонис Самарас ќе се врати од посетата на Кина.

Како што претходно јави МИА, весникот „Етнос“ пишуваше дека „Атина не планира категорично да го отфрли последниот предлог на Нимиц, но се очекува да бара што е можно пошироки промени за да се врати рамнотежата која треба да ја има предлогот за да се одржат надежите за постигнување договор“.

Без оглед на се“, според последните информации кои доаѓаат од Грција, официјална Атина нема да дозволи Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската унија беа претходно да се реши прашањето за името.

Поврзана содржина