1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Грција го заострува курсот против Златна зора

Полицијата засилено трага по убијците на левичарскиот активист Фисас. Претреси се вршат во простории на про-фашистичката организација, а двајца полициски генерали поднесоа оставки.

Двајца генерали во грчката полиција поднеле оставки откако властите одлучија да го заострат односот кон неонацистичката партија Златна зора по убиството на левичарскиот активист и музичар Павлос Фисас, минатата недела.

Полицијата соопшти дека оставки поднеле регионалните супервизори за јужна и централна Грција, откако била отворена истрага за можните врски меѓу полицијата и неонацистите од Златна зора. Истовремено, суспендирани биле и повеќемина постари офицери на островот Евиа поради тоа што не отвориле истрага против локалниот огранок на Златна зора каде била чувана голема количина оружје.

Осомничени се и неколкумина пратеници на Златна зора во националниот парламент, но засега тие се заштитени од пратеничкиот имунитет.

Полицијата тврди дека веќе идентификувала десетмина членови на Златна зора кои учествувале во убиството на Фисас. Обвинителството во Пиреја денеска даде дозвола за истрага на регистрираните телефонски разговори на уште неколку членови на Златна зора, вклучително на лидерите на локалниот огранок на партијата.