1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција ги остварува заканите

Почна досега најголемиот самит на НАТО. Три илјади делегати и најмалку уште толку новинари се собраа во Букурешт на самит кој требаше да донесе три покани за членство и Акционен план за пристап на уште две земји.

default

Портпаролот на НАТО, Џејмс Апатурај

По неофицијалната вечера на шефовите на држави и влади на НАТО на почетокот на самитот, сигурно е дека сите сметки не излегоа според планираното. Хрватска и Албанија ќе бидат поканети, Македонија останува на листата на чекање, Грција ги оствари заканите. Денеска земјите членки на НАТО треба да ја донесат официјалната одлука за приемот на Јадранската група.