1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција во „пат“ позиција

Последни обиди за формирање влада во Грција, со мали изгледи за успех. Сириза одби да учествува во влада на национален спас, нови избори се’ поизвесни.

Рачно изработена бомба експлодираше пред даночна канцеларија во Атина предизвикувајќи штета, но не и повреди. Се смета дека направата била подготвена од плински боци – метод што го користат анархистичките групи.

Експлозијата се случи додека во земјата се прават последните обиди за формирање влада. Разговорите за формирање кризна влада ќе продолжат денеска во кабинетот на претседателот Каролос Папуљас, каде ќе учествуваат конзервативците, социјалистите и радикалните левичари.

На продолжението на денешните преговори одби да учествува радикалната левица Сириза. Алексис Ципрас истакна дека „Сириза одбива да биде ’лево алиби’ на една влада која ќе ја продолжи политиката на мерки за строги економии, што народот ја отфрли на 6 мај“.

И лидерот на ултрадесничарската партија Златна зора Никос Михалолјакис изјави дека нема да даде парламентарна поддршка на влада која ќе продолжи да ги применува мерките на штедење во замена за кредити од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд.

„Земјата е под финансиски напад... Грците гласаа против условите на планот за спас, па така ЕУ и ММФ досега требаше да заминат од земјата“, посочи Михолалјакис.

Нема пари, ако нема влада

Еврогрупата нема да и’ даде повеќе пари на Грција, додека во Атина не биде

EU Währungskommissar Olli Rehn Frühjahrsprognose 2012

Еврокомесарот за економија Оли Рен

формирана влада, која ќе гарантира исполнување на програмата за заздравување на државните финансии, изјави висок европски дипломат во Брисел.

Ситуацијата во земјата ќе биде главна тема на денешната седница на министрите за финансии на државите од еврозоната. На средбата нема да биде разгледано доставувањето на Грција на дополнителна помош во износ од една милијарда евра.

„Додека во Атина не биде формирана влада, која ќе ги потврди исполнувањата на меѓународните финансиски задолженија, Грција нема да добие повеќе ниту еден цент“, изјави цитираниот евродипломат во Брисел.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо минатиов викенд изјави дека „еврозоната е клуб чии членови живеат согласно правилата, и ако правилата не се почитуваат, тогаш клубот треба да се напушти“.

Поврзана содржина