1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грција во долгови до гуша

По опаѓањето на рејтингот на грчката економија, Грција е принудена да плаќа повисоки камати за кредитите. Грчкиот премиер Папандреу планира средба со лидерите на политичките партии за да се разговара за проблемот.

default

Мора да се штеди, но како?

Лошите вести за грчката економија се множат - задолжувањето е на рекордно високо ниво, невработеноста се проценува на околу 18%. И сега уште ова - рејтинг-агенцијата „Фич“ која ја мери кредитната способност на земјата ја спушти Грција од степенот „А“ на степен „БББ+“. Тоа значи дека Грција има најмал бонитет во рамки на еврозоната и е дури полоша и од земји како, на пример, Турција.

Со тоа, трошоците за нови позајмици се зголемуваат, и тоа токму во момент кога на Грција и‘ се потребни најитно нови кредити. Провладините весници во земјата се лутат на странски шпекуланти, кои наводно ја ставаат грчката економија под притисок.

Ниедна влада досега не ја реши презадолженоста

И Василис Властаракис, главен аналитичар на грчката брокерска куќа „Бета Секјуритис“ смета дека во игра се шпекуланти. Прашање, сепак, е дали политиката си ја завршила домашната задача, за грчката економија да не биде изложена на шпекулации, вели економистот кој студирал во Хамбург: „За жал, не ги доведовме во ред нашите финансии. Досега ниту една влада не успеа да го регулира проблемот со презадолженоста. Нашата квота на

Symbolbild Griechenland Finanzkrise

Грција со квота на задолженост над 120% од брутодомашниот производ

задолженост достигна над 120% од брутодомашниот производ, што е опасно. Само во јануари државата ќе мора да позајми дополнителни 30 милијарди евра.“

Неблагодарната задача на Папандреу

Премиерот Јоргос Папандреу, на власт само два месеци, ветува решителност во намалувањето на долговите. Тој има неблагодарна работа, зашто претходната конзервативна влада зад себе ги остави најголемите долгови во историјата на земјата, а корупцијата ја унапреди во степен на државен резон. Но, и социјалистите во минатото ја третираа државата како партиски плен, роднини и повластени лица од партиските ешалони добиваа дополнителни дејности и други поволности на сметка на државата. Последица - Грција има над еден милион државни службеници, дури ни владата не знае колкав е нивниот вистински број. Не е чудо што државата само оваа година мораше да позајми 64 милијарди евра. Во 2010 година, новото задолжување би требало да изнесува 55 милијарди.

„Грција мора драстично да ги намали државните издатоци. Ирска тоа веќе го стори - таму буџетот за наредната година предвидува намалување на државните издатоци за 4 милијарди евра. Слични се очекувањата на пазарот и од Грција и мислам дека притисокот на рејтинг-агенциите врз нашата економија ќе се зголемува се‘ додека не се презема ништо. Владата би можела да даде силен

Georgios Papandreou

Јоргос Папандреу има неблагодарна задача

сигнал со тоа што би заштедила на добивките за државните службеници. Ваква една одлука би ја покажала насоката за иднина и со нејзе уште и би се заштедиле пари.“

Ако се штеди, револтот на населението чука на врата

Сепак, од друга страна, ваква одлука би предизвикала револт кај населението. Во Атина штрајковите и демонстрациите ионака се секојдневие - од почетокот на декември главниот град се гуши во ѓубре затоа што штрајкуваат комуналците, а многу училишта и универзитети се заземени од оние што протестираат поради кратењето на средства во образованието. И лево ориентираните синдикати се‘ постојано на улица и протестираат поради наводната неолиберална политика на ЕУ. Притоа, припадноста на еврозоната е најдобра заштита од државен банкрот, објаснува Властаракис: „Уште при помислата на тоа се потам - што ќе се случеше ако го немавме еврото? Стапката на инфлација би можела да се зголемува и натаму, трговскиот дефицит да расте и под вакви околности не би помогнала ниту девалвација на валутата. Последиците би биле уништувачки за нашата економија. Затоа велам дека можеме да бидеме среќни што сме под европскиот заштитен чадор.“

Дека грчките долгови ќе го загрозат еврото е малку веројатно, зашто Грција има само 2% од брутодомашниот производ на еврозоната. И покрај тоа, ЕУ сака веднаш да ја стави под лупа Грција која е хроничен грешник кога станува збор за дефицитот. Едно е веќе сега сигурно - финансиска помош за Атина, како на пример во форма на евро-државни позајмици, нема да има.

Автор: Јанис Пападимитриу / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска