1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грција бара од Македонија поинаков пристап кон проблемот со името

Атина посакува решение по прашањето за името, се вели во грчкиот главен град, но се гледа потреба за дејствување кај спротивната страна, имено во Скопје.

default

На една прес-конференција, грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани ја потврди својата волја да се најде заедничко решение, но таа укажа дека грчката позиција е позната и индиректно апелира до владата на Груевски да го преземе својот дел од одговорноста. Госпоѓа Бакојани буквално рече: „Се надевам дека политичкото раководство во Скопје ќе му пристапи поинаку на проблемот, и, и тоа ќе бара име кое ќе биде прифатливо за обете страни.“

Наредниот викенд можеби ќе дојде до прв директен разговор меѓу Бакојани и нејзиниот колега по функција Милошоски, на грчкиот остров Крф, на маргините на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од ОБСЕ. Бакојани не сакаше во Атина недвосмислено да вети и буквално рече: „Господин Милошоски праша за средба, нашиот временски план во Крф е прилично тесно скроен. Јас ќе се обидам да се сретнам со господин Милошоски.“

Грција претседава со ОБСЕ. Првобитно беше предвидена средба на Бакојани со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, но таа го откажа доаѓањето поради повреда на раката при еден пад.


Автор: Јанис Пападимитриу / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM