1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грците ќе штедат уште повеќе и ќе протестираат

Грчкиот парламент изгласа серија мерки со кои ќе се намали буџетскиот дефицит за 3,2 милијарди евра. За денеска повторно се закажани протести.

Грчкиот парламент одобри големо намалување на минималната плата во земјата за да ги исполни барањата на меѓународните кредитори и земјата да ја добие следната транша од помошта, вредна 130 милијарди евра.

Со новиот пакет мерки кој го изгласаа мнозинството пратеници на двете најголеми партии, Нова Демократија и Пасок, од буџетот треба да се заштедат дополнителни 3,2 милијарди евра.

Одлуката, меѓу другото, предвидува намалување за 22 проценти на минималната плата во земјата, како и 12-процентно намалување на пензиите на јавните службеници. Планирано е и замрзнување на платите во јавниот сектор.

За денеска (29.02) во поголемите грчки градови е најавен тричасовен прекин на работата, а за вечер и протести во Атина, организирани од синдикатите.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој од вчера е во посета на Атина, пред парламентот изјави дека „политика базирана само врз мерки за штедење водат кон економска катастрофа“.

Автор: БГ/афп/миа

Редактор: Ж. Ацеска