1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грците се‘ почесто напаѓаат странци

Во од криза потресената Грција расте влијанието на десно-екстремните групации, како „Златна зора“. Во Атина среде улица е убиен еден странец.

Пет непознати лица во центарот на Атина нападнале 19-годишен мигрант од Ирак и му нанеле смртоносни повреди со повеќе убоди со нож. Неколку часа по пренесувањето во болница младиот доселеник од Ирак им подлегнал на тешките повреди. Министерот за јавен ред Николаос Дендиас го осуди злосторството и најави остро постапување против осомничените петмина сторители. Тој му изрази сочувство на семејството на жртвата.

Други напади

Illegale Einwanderer in Athen

Полицијата регистрира зголемен број напади врз доселениците

Во последно време драстично порасна бројот на напади против странците. Вчера во Атина, според полицијата, покрај убиството на Ирачанецот биле нападнати и еден Романец и еден Мароканец. И двајцата меѓутоа успеале да им избегаат на напаѓачите.

Драматичната финансиска состојба, високата невработеност и големиот број мигранти и бегалци од азиските и од африканските држави доведоа до социјални тензии во Грција. Со должничката криза во Грчка порасна и влијанието на десно-екстремистичките партии. Расистичката и ксенофобична партија „Златна Зора“ на парламентарните избори освои седум проценти од гласовите. Таа отворено поттикнува негативно расположение и омраза кон странците.