1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грците се гневни

Интерниот извештај на ММФ, во кој се признаваат големи грешки во првиот пакет финансиска помош за Грција, предизвика гневни реакции во Атина.Се‘ погласна е критиката дека политиката на штедење е пропадната.

Пред се' признанието на ММФ дека економистите ги потцениле рецесијата и невработеноста во Грција, го поттикна народниот гнев во Грција: „Тие признаваат дека ние плаќаме за нивни грешки“, е наслов во еден левичарски весник. „Признание за неуспех“ е насловот во атинскиот весник „Та неа“  во кој се пишува за извештајот на Меѓународниот монетарен фонд.

Самокритичниот биланс на ММФ потекнува од еден интерен извештај, кој во средата (05.06.2013) продре во печатот - токму на тој ден на кој грчките статистичари мораа да објават ново рекордно ниво на невработеноста во земјата од 26,8 проценти.

Тоа што ММФ не ги признава само сопствените пропусти, туку се жали и на волјата за реформи кај сите грчки влади, се чини дека се губи во дебатата. Освен ова грчките медиуми укажуваат дека уште изминатиот јануари водечките економисти на ММФ Оливер Бланшард и Даниел Лејт укажувале на недостатоци во нивната стратегија за Грција. Меѓутоа првичните грешки навреме биле коригирани - се велеше тогаш во самокритичниот работен документ.

Сега ММФ повторно става сол на рана: И тоа не без причина, смета професорот по економија Јанис Варуфакис: „Економистите на ММФ размислуваат за истапување од Тројката и го подготвуваат теренот за тоа. Тие не сакаат повеќе да гледаат, дека Германија се обидува да ја поткопа планираната банкарска унија во Европа“, смета Варуфакис.

Griechenland Protest Demonstration Sparmaßnahmen Generalstreik 01.05.2013

Грците во повеќе наврати протестираат против мерките за штедење

Извештајот на ММФ како шанса

Странични удари во правец на Берлин не се реткост и во овој случај. Сепак владата под раководство на конзервативниот премиер Андонис Самарас е нагласено опуштена и не учествува во шпекулациите. Министерот за финансии Јанис Стурнарас самокритичниот извештај на експертите на ММФ дури и го поздрави, бидејќи нудел „шанса, грешките навреме да се препознаат, за да не се повторат.“

Ваквата проценка има основа: со голем интерес во Атина се регистрираше заклучкот на експертите на ММФ дека бришењето на долговите за приватните вложувачи „мораше да биде спроведено многу порано“ од февруари 2012 година. Сега, според грчките медиуми ММФ размислувал за ново бришење на долговите за Грција, од кое пред се' би биле погодени јавните доверители. Економистот Јанис Варуфакис уверен е дека нема друга алтернатива за тоа, за да може да се гарантира дека Грција ќе може да се справи со остатокот од долговите.

Грија била и натаму во слична ситуација како во 2010 година, смета атинскиот професор. Се'уште не е обезбедно дека земјата може да се носи со своите долгови, рецесијата и натаму е присутна, а банкарскиот систем повеќе не е функционален.

Домашните задачи мора да бидат завршени

Не само Варуфакис е на мислење дека било непходно натамошно отпишување на долговите, за Грција долгорочно да може да го носи товарот од долговите. Имено на земјата која подолг период се наоѓа во економска криза се чини и е добредојдено, што ММФ сега во игра внесува ново бришње на долговите, па и на начин преку признавање на сопствените грешки. Меѓутоа некои аналитичари укажуваат дека Грците не смеат само да покажуваат со прст кон другите, туку дека мораат да го преземат нивниот дел од одговорноста. Тогаш ЕУ - партнерите повеќе би биле подготени да се откажат од дел од побарувањата, со или без бришење на долговите, смета полтичкиот аналитичар Димитрис Циодрас.

Навидум разликите меѓу ЕУ и ММФ биле во интерес на Грција, бидејќи на тој начин би се извршил притисок врз одговорните, да се воведат натамошни олеснувања за долговите. За тоа не било неопходно бришење на долговите. ЕУ- партнерите на пример би можеле да помогнат со олеснувања за каматите или ЕУ - спасувачкиот фонд да стави на располагање пари за рекапитализација на грчките банки, појаснува атинскиот аналитичар.

Фронтална опозиција против премиерот Самарас

Во меѓувреме премиерот Антонис Самарас ширум светот бара инвеститори и говори за „грчка успешна приказна“. Впрочем имаше и позитивни вести за Грција во последните месеци: примарен буџетски суфицит на крајот на 2013 година се чини за првпат дека може да биде остварен, земјата со кратење на платите успеа да поврати дел од загубената конкурентност и претстојнава летна сезона се очекува наплив на туристи.

Последно нешто, што на Самарас во овој критичен момент му е потребно, би било ново разгорување на дебатата за смислата и целта на политиката на штедење. Но, токму оваа дискусија се обидува да ја наметне шефот на левичарската опозиција Алексис Ципрас, по објавувањето на извештајот на ММФ: „Додека ММФ признава грешки, нашиот премиер зборува за успешна приказна. Двете работи не можат да бидат точни“, вели Ципрас за грчката телевизија. Тој дополнува: „Само ако една погрешна политика не се смета за успеша приказна“.

Ципрас, според последните анкети на јавното мислење, за својата политика добива потврда од граѓаните: неговата левичарска партија СИРИЗА води изедначена битка со конзервативната владејачка партија на Самарас. Исто така и десничарската опозиција му предизвикува главоболки на Самарас. Деснорадикалната партија Златна зора останува трета по јачина партија и со дури значително зголемена поддршка.