1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грците помалку пијат узо

Грција тоне длабоко во должничка и економска криза. Тоа го чувствуваат и граѓаните, чии џебови стануваат се‘ поплитки. Трендот на штедење не го одминува ни грчкиот национален пијалок, узото.

Идилата на Лезбос залажува. Кризата во државата одамна фрла сенки и врз третиот по големина остров во земјата. Лезбос е центар за грчкото производство на узо, овде се произведува половина од познатиот аперитив со анис. Но, во грчките супермаркети шишињата со узо се‘ подолго остануваат на полиците. На пладневната пауза се‘ повеќе Грци се откажуваат од чашата со освежителна голтка.

„Пред кризата се напивавме по две кратки, понекогаш и три. Сега пиеме само од едно малечко шише“, вели Дукас Фиригос, земјоделец.

За локалните производители тоа не е охрабрувачки. Намалениот промет веќе ги принуди на кратење на работните смени, во надеж дека ќе избегнат отпуштања. Владината политика на штедење на шефот му предизвикува главоболки. Три пати по ред беше зголемен и данокот на алкохол.

„Ситуацијата е тешка. Банките веќе не позајмуваат пари. Владата енормно не‘ оптоварува со даноци. Од друга страна, тешко можеме да ги подигнеме цените во време кога муштериите се во криза“, објаснува Христос Мицакис, фабрикант на узо.

Анисот, база за аромата на узото, и понатаму расте на Лезбос. Но, на земјоделците и на производителите на узото ќе им биде подобро дури кога ќе започне повторен раст на грчкото стопанство.