1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грците не сакаат штедење, а го сакаат еврото

Во недела Грците вторпат во шест несели гласаат за нов парламент. Овојпат прашањето е дали грција ќе остане членка на еврозоната. Битката ќе се води меѓу конзервативната Неа демократија и левиот сојуз Сириза.

Околу три четвртини од Грците се за еврото, но против мерките за штедење во сегашната форма, покажува едно од последните истражувања. Сите партии се обидуваат да го капитализираат ваквото расположение. Конзервативците се традиционално пријателски настроени кон бизнисот и затоа се гледаат како гаранција за европската иднина на земјата. Во исто време тие ветуваат ублажување на мерките за штедење.

Левичарската коалиција,Сириза пак најавува ќе ја поништи програмата за штедење, но во исто време се залага Грција да го задржи еврото.

Symbolbild Drachme Euro

Грците пред избор драхма или евро?

„Наводното прашање во недела за ’еврото или драхмата’ воопшто не се покренува! Тоа е псевдодилема и ги збунува гласачите. Договорот за штедење и мерките за спас не се правна основа за останување на Грција во еврозоната. Сосема спротивно – на прво место е имплементацијата на мерките за штедење“ , вели левичарскиот европратеник Никос Хоунтис, поранешен партиски секретар.

Спас - заштедите на граѓаните

Партијата, која изненади со втората позиција на изборите, ќе понуди „поинаква политика“ кон донаторите, но како таа ќе изгледа не е познато. Лидерот Алексис Ципрас постојано повторува во кампањата дека ќе ги намали кратењата и оти повторно ќе преговара со кредиторите на Грција. Размислувањата се да се искористат банкарските заштеди на граѓаните за стимулирање на економијата. За само една недела, по таквиот изнесен став во медиумите, малите штедачи подигнаа 700 милиони евра од грчките банки. Се проценува дека такви суми банките можат да загубат во еден ден.
Медиумите во Грција информираат дека банките ќерки на странските банки се подготвуваат за можниот излез на Грција од еврозоната. Во својот годишен извештај најголемата банка во земјата, Националната банка на Грција, напиша дека ова повеќе „не е теоретстка хипотеза“. И покрај тоа, партијата Неа Демократија убедува дека ќе ја задржи Грција во еврозоната.

Griechenland Banken Kunden

Банките стравуваат од уплашените штедачи

Страв за одлевање на капиталот од банките

„Кога станува збор за Грција, централно десничарските и централно левичарските партии во Европа зборуваат речиси со ист јазик, но нашата партија тоа не сака да го признае“, забележува Костис Хацидакис, поранешен министер за економија од редовите на конзервативците. Тој додава дека Европа сега е подобро подготвена против ефектите од излезот на Грција од еврозоната.

Министрите за финансии на еврозоната во недела вечер најверојатно ќе оддржат телефонска конференција, на која ќе се советуваат за резултатот од изборите во Грција. Постои стравување од големо одлевање на капиталот уште во недела навечер, со трансвер на личниот капитал преку интернет, а во понеделник би можело да дојде и до наплив на клиенти во банките.