1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грците немаат пари за лекари и медикаменти

Невладината организација „Лекари на светот“ всушност работи во кризни подрачја. Но, во Грција таа се грижи за сиромашните пациенти, кои веќе не можат да платат лекарски преглед.

Само неколку стотини метри од плоштадот Омониа во центарот на Атина е веќе нечисто и опасно. Зависници од дрога, простититки и ситни криминалци овде нашле прибежиште. Но, и покрај тоа десетици луѓе стрпливо чекаат пред влезот на меѓународната невладина организација „Лекари на светот“, чие седиште овде е сместено во една седумкатна зграда. Најголемиот дел од оние кои чекаат се легални или илегални мигранти, кои немаат пари а имаат итна потреб аод лекарска помош. Но, се‘ поголем број Грци се исто така тука. Меѓу нив е и Василис, 40-годишен Грк, кој не сака да го каже презимето. Веќе еден месец е бездомник, шест месеци е без работа. Вели дека 25 години работел како келнер, последниот шеф постојано му ветувал дека ќе го осигура, но тоа никогаш не го направил, а на крајот го отпуштил поради финансиската криза. Неодамна Ваисилис се здобил со тешки изгореници, на ноезете му била истурена врела вода. Два месеци морал да доаѓа на преврски и третмани кај „Лекарите на светот“, сега му е веќе подобро.

Ärzte der Welt Griechenland

Наместо во странство, ангажман во Грција

Нема пари за вакцини за децата

„Лекарите на светот“ во Грција работат речиси 20 години. Во последно време се сведоци на нов феномен, истакнува Кристина Самарци, портпарол на организацијата:

„Од крајот на 2010-та доаѓаат се‘ повеќе Грци“.

Кај најголем дел од нив се работи за невработени или постари луѓе, кои од пензијата не можат да купат лекови. Диаѓаат меѓутоа и цели семесјтва, кои не можат да платат за вакцинација на своите деца, вели Самарци.

Социјалните каси се празни поради масивните погрешни шпекулации. Поради тоа, осигурениците веќе одреден перидо мораат сами да ги плаќаат лековите, а потоа добиваат дел надомест. Тоа е дополнително оптоварување за малите пензии, покрај скапите прехранбени производи, кириите и другите тековни трошоци.

„Постари пациенти кои страдаат од висок притисок или дијабетес не можат секој месец да платат за неопходните лекови, доаѓаат кај нас и прашуваат дали можеме да им ги дадеме“, вели младиот диабетолог Јоргос Пападакис.

Ärzte der Welt Griechenland

Просториите на „Лекари на светот“ во Атина

Грција-медицинско кризно подрачје?

Ходниците во просториите на „Лекари на светот“ во Атина се тесни и полни болни луѓе. Во зградата постојат соби и за барателите на азил. Организацијата „Лекари на светот“ им помага на луѓето во кризни подрачја, на настраданите во војна или во природна катастрофа во странство. Порано во Грција тоа беа исклучиво баратели на азил и мигранти, но сега секој петти пациент овде е Грк. Во другите филијали на организацијата, во Солун, Перама или на Крит, бројот Грци на лекарски третман кај „Лекарите на светот“ се искачува и до 80 проценти. Десет лица во атинската филијала дневно згрижуваат околу сто лица. Наместо да оди во странство, организацијата затоа реши да остане овде, во Грција. Планираната мисија за Алжир е целосно откажана, прашање е дали истото ќе се случи и со оние за Танзанија и Уганда, зашто, во Грција има се‘ повеќе на кои итно им треба помош, вели Кристина Самарци.

Автор: Марија Ригоцу/ Ж.Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски