1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грците мораат да штедат на се', дури и на јадење!

На грчкото стопанство во моментов му недостигаат многу работи. Пред се' му недостигаат инвестиции. Оттука останува само мала надеж за чудо на работниот пазар во земјата.

Јоргос Ванделис е човек кој има надеж за неговата земја. А на Грција во моментов токму тоа и треба, луѓе на пример како овој вреден такси- претприемач, кој радо вози навечер, оти возењето од аеродромот до центарот на Атина донесува доплата од 50 евра. „Стисни ги забите, работи повеќе отколку пред кризата“, тоа беше неговото животно мото во последните години. Овој 54- годишен атињанин ги инвестиршае своите заштедени пари во сончеви колектори на покривот од неговата куќа. „Секоја година со тоа произведувам околу 15.000 киловати, од моите два покрива“, раскажува тој. „Тоа се околу 9.000 евра дополнително. Пари за енергија, која едноставно ја земам од небото. Мене добро ми оди, не можам да се жалам“.

На повеќето Грци меѓутоа и годинава им недостигаат пари за инвестиции. Разумни бизнис идеи има, исто така и средни претпријатија кои сакаат да работат. Атанасиос Келемис е раководител на германско-грчката Индустриска и трговска комора во Атина. Тој ги советува колку што може.

Euro Münzen in Brand

Платите преполовени

Но, по прашањето за финансирање, вели Келемис, грчките бизнисмени во моментов автомаски се во понеповолна позиција во однос на другите во Европа. „Не може да биде, едно грчко средно претпријатие, за да го обезбеди својот работен капитал, за кредит да мора да плаќа камати до девет проценти“, вели тој. „Едно претпријатие во Германија или на друго место во Европа тој кредит ќе го добие за три или четири проценти камати. Тоа автоматски е хендикеп во конкурентноста“.

Излез од кризата само со сопствена иницијатива?

Но, како може да изгледа грчкиот излез од кризата, дали е можно да се постигне со сопствена иницијатива? Претпријатија за пример постојат: две-три претпријатија за трговија со градежен материјал во северна Грција, исто така и неколку успешни фирми за прехранбени производи. Сето тоа се машини за повеќе стотици работни места, но при невработеност меѓу младите од 60 проценти и 1,3 милиони бројна чета невработени во целата земја мнозинството Грци се чувствувата пред се' како губитници.

„Јас наместо 1800 евра веќе извесно време заработувам само половина“, се жали Јоанис Ламбдрос. Тој веќе 20 години работи за една телевизиска станица. „Погледни на долгата редица луѓе, кои бараат работа“, бил одговорот на неговиот шеф, кога Ламбдрос рекол дека со новиот договор за работа речиси да не може да ги подмири основните животни трошоци.

Symbolbild Schuldenschnitt Griechenland

Младите Грци бараат работа во странство

Таква е ситуацијата со многумина, вели Келемис од Германско-грчката трговска комора. „Нивото на платите во Грција е многу намалено, во просек за речиси 40 проценти. Во сите бранши има вакви резови, тоа има огромни последици за луѓето“.

Надеж за мало чудо

Грчкото стопанство и натаму е во дефлација - платите се намалуваат, цените исто така. Спирала во надолна линија, која ја почувствува и Улрике Дриснер, заменик раководител на Гете институтот. „Луѓето мораат да штедат на работи, за кои порано беше релативно разбирливо само по себе дека можат да си ги дозволат. Исто и кај јадењето“, заклучува таа. „Кризата може да се допре. Пред неколку месеци уште повеќе се зголеми притисокот врз приватните домаќинства. И поради тоа што сега има вонредни давачки за недвижностите“.

Елена е млада атињанка која неодамна дипломираше и затоа и без да знае германски сака да конкурира во Берлин. „Што друго ми преостанува? Овде во моментов е речиси невозможно како почетник да се најде соодветно работно место“, вели таа и дополнува дека тоа можеби би се сменило за неколку години. Можеби во 2015. кога, како што проценува ЕЦБ, во Грција би можело да се измери благ пораст.

За тоа е потребна и германска помош апелира Келемис и се надева на мало чудо на работниот пазар, барем во градовите како Атина, Солун или Кавала.