1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грците масовно затајуваат данок

Затајувањето данок ја чини Грција една милијарда евра месечно. Пред се‘ богатите не даваат речиси никаков придонес за спас на земјата од заканувачкиот банкрот. Така, главниот товар го носат работниците и пензионерите.

default

Богатите ги заобиколуваат обврските кон државата

Пристаништето во Пиреја-најголемиот број бродови и јахти се регистрирани во даночната оаза, Карипските острови. Така сопствениците го избегнуваат грчкиот данок на луксуз. Тоа е само еден од многуте трикови на богатите.

„Лани само 17 лица пријавија годишни приходи поголеми од еден милион евра. Слично ќе биде и оваа година. Тоа јасно покажува продолжување на трендот кој постои веќе 30 години-работниците и пензионерите го носат главниот товар за државниот буџет“, вели Савас Роболис, професор по економија од Универзитетот Пантенон.

Бидејќи во Грција мора насекаде да се штеди, расте бесот кон богатите. Граѓаните со пораки: „Се разбира, богатите мора повеќе да плаќаат, оние кои немаат, да бидат ослободени“.

„Ова е беспримерна дрскост која ја дозволува владата. Треба да ја избркаме на клоци. Ако, остане, народот ќе се побуни“.

„Даночните стапки се високи за сите, богатите би требало регуларно да плаќаат данок, но очигледно, не сакаат“, велат револтирано граѓаните.

Досега триковите на грчките богаташи беа успешни, често во игра е подмитувањето службеници.

„Ризикот да се биде откриен е зголемен, но досега никој не одговарал. Не сме виделе некој да биде осуден или да отиде в затвор. Наш проблем е и бавниот и неефеикасен судски апарат“, вели Констатинос Бакурис од грчката организација Транспаренси интернешнл.

Богатите постојано се извлекуваат од плаќањето данок, тоа нема скоро да се промени.

Автор: Милтиадес Арсенопулос/ Ж. Ацеска

Редактор: Александра Трајковска