1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грците и Турците повторно на преговарачка маса

По речиси двегодишна блокада денеска (11.02.) продолжуваат разговорите за повторното обединување на Кипар. Средбата меѓи лидерите на Грците и на Турците на Кипар под покровителство на ОН се одржува во Никозија.

Политичките челници на двете спротиставени заедници на Кипар, Грците и Турците, ги обновуваат мировните преговори по 18-месечниот застој

Претседателот на Кипар, Никос Анастазиадес, лидерот на тамошните Грци, се сретнува со водачот на кипарските Турци, Дервиш Ероглу (обајцата на насловната фотографија) во комплексот на Обединетите нации кој ги раздвојува двете заедници во поделениот главен град на островот Никозија.

Двете страни веќе потврдија дека ги прифаќаат новите насоки за преговорите, коишто е бидат дел од заедничката изјава којашто ќе ја прочитаат на почетокот од преговорите. Тоа е прв состанок на политичките лидер на двете заедници од застојот на преговорите од средината на 2012 година.

„Пред нас е најтешкиот дел. Заедничката изјави не е решение на кипарскиот проблем, но и поставува параметрите во коишто двете заедници мора да дејствуваат“ изјави на крајот од минатата недела Анастазиадес.

Турција го окупира северниот дел од Кипар во 1974 година, прогонувајќи ги од таму кипарските Грци и ја прогласи Турската Република Северен Кипар.

Поради тешката економска и финансиска криза на Кипар, разговорите за повторно обединување на средоземноморскиот остров постојано беа одложувани. Турскиот Северен Кипар е признат само од Анкара. Последниот план за обединување на Кипар поднесен од страна на ОН во 1004. година , беше одбиен од мнозинството Грци, додека најголемиот број кипарски Турци се изјаснија позитивно за него.