1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грците го реформираат и пензискиот систем

Парламентот на Грција го усвои законот со којшто се предвидува спојување на долговите на оптоварените дополнителни фондови. Реформите се усвоени ден по големите протести против штедењето.

default

hen

Реформите во пензискиот систем се најнов потег на грчките власти насочен кон обезбедување на меѓународните спасувачки заеми кои што треба да и‘ помогнат на задолжената Грција да избегне банкрот. Новите реформи се усвоени неполн ден по протестите коишто ги организираа најголемите грчки синдикати поради намалување на платите и другите мерки за штедење одобрени во последно време. Грција веќе петта година е во длабока рецесија, а стапката на невработеност од почетокот на финансиската криза е удвоена, на 21 отсто. И покрај острите мерки за штедење кои се спроведуваат во последните години, Грција и понатаму има голем буџетски дефицит и мора да се штеди и тоа уште повеќе, за земјата да го добие пакетот помош од 130 милијарди евра.

„Правата на работниците константно се намалуваат“ истакна еден од лидерите на еден од најголемите синдикати GSEE, додавајќи дека на Грција и‘ се потребни нови избори за јавноста да може да покаже што мисли за сето ова.

Новите реформи  вклучуваат и планови за затворање на повеќе државни организации и надокнада за 15.000 луѓе кои оваа година ќе останат без работа во јавниот сектор.

Griechenland Parlament Athen Proteste

Грците протестираат против се‘ поголемото стегање на ременот

Пред два дена грчкиот парламент ги усвои новите намалувања на потрошувачката на владата, вклучувајќи и намалување на пензиите. Усвоено е и намалување на минималните плати за вработените во приватниот сектор за 22 отсто. Сега минималната плата е 751 евро, а ќе биде намалена на 586 евра. На работниците помлади од 25 години, а во оваа старосна група стапката на невработеност достигнува 50 отсто, минималната заработка се намалува за 32 отсто.

Владата размислува  да ја приватизира и Јавната корпорација за гас ДЕПА во рамките на амбициозниот план за собирање на 11 милијарди евра до крајот на годината за отплата на огромниот грчки долг.

Владата, која е сопственик на 65 отсто од ДЕПА, веќе оваа недела со

претставниците на рускиот Гаспром разговарале за потенцијална продажба на компанијата.

Автор: ЖА/макфакс

Редактор: С. Недевски