1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Грците во 2011-та најмногу влегувале во Македонија

Грците се на врвот на листата на странци кои влегле или излегле од Македонија во текот на 2011 година, информираат од македонското Министерство за внатрешни работи. Податоците се објавени денеска (25.02.).

Според извештајот од македонското МВР, минатата година се регистрирани вкупно 2.728.214 влезови и излези од Македонија на лица со грчки пасоши. На второ место се Србите, со 2.116.516 влезови и излези. 1.196.917 лица со косовски и 834.538 лица со албански пасоши влегле или излегле од Македонија во минатата година.

Според статистиката на МВР, на граничните премини се регистрирани вкупно 15.789.624 патници, од кои 9.761.957 се странски и 6.027.667 македонски државјани, што преставува зголемување на 11,6 отсто.

На вкупно 2.548 странски државјани по разни основи не им е дозволен влез во Македонија, информираат од МВР. Најголем број од нив албански државјани - 808, 303 се турски, 274 косовски, 213 бугарски, 145 српски, како и на 99 грчки државјани. Останатиот дел отпаѓаат на други националности. Во исто време, на граничните премини не е дозволен излез од Македонија на 496 странски државјани.

Илегални мигранти од цел свет

Во текот на минатата година се регистрирани и 469 нелегални мигранти, што претставува намалување за повеќе од двапати во однос на претходната година. Меѓу нив најбројни се албанските државјани, а по нив следуваат Авганистанци, Косовци, Пакистанци, Срби, Сомалијци, Мароканци, Ирачани, Бугари, Палестинци, Алжирци, Британци, Турци, Либанци, како и лица од Тунис, Грција, Австрија, Естонија, Иран, Русија, Босна и Херцеговина и Шри Ланка.

Infografik Flüchtlingsströme Wege der illegalen Einwanderer in die EU 2010 ENG

Патиштата на илегалните мигранти од 2010-та останале исти и во 2011-та година

Најголем број илегални преминувања се регистрирани на македонско-грчката граница - 148, потоа на македонско-албанската - 167, на македонско-косовската - 102, на македонско-српската – 37, а на македонско-бугарската граница се регистрирани 15 илегални минувања.

Од МВР информираат дека на македонска територија главно се криумчарени мигранти со потекло од Блискиот и Далечниот Исток и земјите од Африка (авганистански и пакистански мигранти), кои Македонија ја користеле само поради транзит. Тие во земјата се задржувале привремено, а криумчарењето било организирано од криминални групи чија крајна дестинација била некоја од западно-европските земји. Мал е бројот на мигранти кои останувале во Македонија, информираат од МВР. Девет албански и две српски државјанки се криумчарени во внатрешноста на Македонија заради вработување.

Автор: Александар Методијев /макфакс/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска