1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грузија уште е далеку од мир

Ситуацијата е екстремно затегната. Обиди на Запад за посредување. Сакашвили потпиша примирје, но грузиската артилерија дејствува, а руски авиони напаѓаат врз грузиска територија. Се заострува и конфликтот во Абхазија

default

Ситуацијата и натаму се заострува

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили денеска го потпиша планот на ЕУ во четири точки за ставање крај на конфликтот, со кој се предвидува мометно настапување на примирје, како и повлекување на грузиските и на руските трупи под меѓународно набљудување. Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер и неговиот фински колега Александер Штуб сега со планот одат во Москва.

Русија одбива примирје и тврди дека Грузија продолжува со напади. Русија останува на барањето Грузија да се повлече целосно од Јужна Осетија и да потпише изјава дека спрема тој, како и спрема регионот Абхазија, нема да применува сила.


Меѓусебни обвинувања за продолжување со борбените дејствија


Владата на Грузија тврди дека 50 руски бомбардери во текот на ноќта напаѓале грузиски градови и села, што е демантирано од руска страна. Во текот на ноќта, наводно, и Грузија вршела авионски напади. Изутрината смртно настрадаа тројца војници од мировните сили, а 18 беа ранети од огнот на грузиската артилерија која го бие Цхинвали, главен град на сепаратистичката Јужна Осетија. Артилериската стрелба посебно е засилена денеска рано попладнето.

Натамошно се заострува и конфликтот во Абхазија, особено по ултиматумот до грузиските сили таму да го положат оружјето, оти во спротивно руската војска ќе навлезе на грузиска територија.


Путин: Западот ги искривува фактите


Грузија ја обвинува Русија за инвазија и окупаторска политика и ја замоли за помош меѓународната заедница. Русија, пак, му префрлува на Западот дека ги искривува фактите и вистинскиот агресор врз Јужна Осетија го претставува како жртва. Премиерот Путин најави дека руските трупи ќе ја доведат акцијата до „логичен крај“. На САД Путин им префрли за вмешување во конфликтот со тоа што со воени авиони-транспортери ги враќаат во татковината 2000 елитни грузиски војници, кои досега беа агажирани во Ирак.

Германската амбасада организира доброволно напуштање на Грузија за Германци и други западни државјани, но сепак не станува збор за принудна евакуација. Досега околу 200 Германци ја напуштија таа земја, а таму останаа уште околу 300 германски државјани.

►◄




DW.COM