1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Грузија е пример и инспирација за сите слободољубиви луѓе од целиот свет

– порача денеска во Тбилиси американскиот претседател Џорџ Буш.

Буш и Сакашвили пред знамињата

Буш и Сакашвили пред знамињата

Грузијците, кои по мирен пат извојуваа независност од влијанието на Москва, можат да сметаат на широка американска поддршка во демократските реформи и исто така на патот кон членство во НАТО.

„Розовата револуција беше многу моќен момент во модерната историја. Таа не само што ги инспирира луѓето во Грузија, туку и многу други ширум светот, кои сакаат да живеат во слободно општество. Мислам дека луѓето гледаат со почит кон овој момент од историјата во кој луѓети имаа храброст да кажат: сакам следните генрации да живеат во свет исполнет со надеж. Затоа господине претесдателе Ви благодарам што испративте таков добар пример, Ви благодарам Вам лично и на Вашиот народ„ – нагласи Џорџ Буш на заедничката прес конференција со Михаил Сакашвили, претпладнево во Тбилиси.

„Во овие недели и месеци по розовата револуција, ниедна друга земја не и беше толку блиска на Грузија колку САД, било да се однесува на дипломатска поддршка, економска и финансиска поддршка, со пријателски совет итн. За оваа поддршка грузискиот народ вечно ќе им биде благодарен„ – порача Сакашвили.

„Доаѓањето на Буш во Грузија е големо охрабрување за демократијата во целиот регион„, нагласи грузискиот претседател уште при дочекот на угледниот гостин од Вашингтон. Буш е имено прв американски претседател кој ја посетува Грузија. Грузиското раководство го доживува тоа како поддршка во нивните настојувања да го сочува територијалниот интегритет. Регионите Абхазија и Долна Осетија имено настојуваат да стекнат независност, сметајќи при тоа на поддршката на официјална Москва.

Буш официјално не изврши притисок врз Москва за повлекување на нејзините преостанати воени сили во Грузија, наспроти очекувањата на домаќините. Буш сепак изрази уверување дека Русија ќе успее наскоро да ги увиди сите предности од постоењето демократски држави на нејзините граници.