1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Грузија во хаос

Грузиската опозиција синоќа го освои парламентот во Тбилиси и го натера на бегство претседателот Едуард Шеварнадзе. Лидерката на опозицијата и досегашен претседател на парламентот Нино Бурџандзе се проглаи себе за претседател, а Шеварнадзе прогласи вонредна состојба. Неговиот кабинет нападот врз парламентот го оцени како државен удар. Лидерите на опозицијата Бурџанадзе и Шакашвили изјавија дека станува збор за мирна револуција и дека е најважно да се сочува миот. Грузискиот претседател Едуард Шеварнадзе како реакција на настаните од последните часови прогласи вонредна состојба во земјата. Највиска власт на поредокот, изјави тоја, сега е министерството за одбрана. На грузиската телевизија тој буквално изјави: "Министерството за одбрана мора да вопостави ред. Злосторниците ќе бидат казнети и затворени". Негова грешка, како што рече, била преголемата либералност. Што значи тоа во овој монмент не е јасно. Можно е на улиците во Тбилиси да се појават тенкови. Исто така, за време на вонредна ситуација се забранети демонстрации. Во меѓувреме, еден од лидерите на опозицијата Нино Бурџанадзе се прогласи за претседател:"Како претседател на парламентот во согласност со уставот ја преземем функцијата претседател" изјави таа на телевизијата. Има меѓутоа и поразлични изјави меѓу опозиционите лидери. Некои бараат Шеварнадзе да остане на власт до следните претседателкси избори, но тие да се одржат колку што е можно побргу. Миахил Шакашвили потврди дека ја гарантира личната безбедност на набрканиот претседател, се додека тој не посегне по сила: "Му ја гарантираме безбедноста. Може да отпатува или да остане дома. Секако, во случај да дозволи да се пука во луѓето, тогаш не можам ништо да гарантирам. Тој ќе стане еден вид Чаушеску".