1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грузиско рускиот спор на дневен ред во Њујорк

На синоќешната седница на Советот за безбедност на ОН, Русија го отфрли повикот на западните сили да се откаже од јакнење на врските со двата сепаратистички региона во Грузија.

default

Јужна Осетија стреми кон независност

Постои загриженост поради руските најави за воспоставување официјални контакти со властите во Јужна Осетија и Абхазија, изјави синоќа во Њујорк германскиот амбасадор во ОН, пренесувајќи го ставот на четирите западни земји. Русија треба да ја повлече најновата одлука за дипломатско приближување кон меѓународно непризнатите републики или пак да не ја применува, побараа Германија, САД, Велика Британија и Франција.


Грузија се жали на непочитување на нејзината сувереност


Грузискиот министер за надворешни работи Давид Бакрадзе знаците од Москва кон двата сепаратистички региона ги означи за алармантни. Тука спаѓа руската одлука за укинување на 12 годишните трговски санкции кон Абхазија, како и наредбата на рускиот претседател Владимир Путин, додека сеуште беше на функција, да бидат воспоставени правни врски со властите од двата региона.

Тензиите ги подгреа и инцидентот со рускиот борбен авион, за кој Грузија тврди дека во неделата соборил грузиски шопионски беспилотен авион на територијата над Абхазија.

Русите отворено ја доведуваа т во прашање грузиската јурисдикција над двата региона, изјави грузискиот претставник во Њујорк, заблагодарувајќи се на поддршката која ја доби од запад.

Таа е најдобра заштита да се избегне секаква компликација и секое идно кршење на грузискиот суверенитет, рече Бакрадзе.

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин пак акцијата на Москва ја означи за легална, образложувајќи дека потезите на Путин за јакнење на врските со властите во Абхазија и Јужна Осетија за цел имаат само подобрување на животниот стандард во тие региони.

Тоа не значи дипломатско или меѓународно признавање, беше категоричен Чуркин.

Тоа вклучува засилена воена соработка меѓу Русија и двата региона, така што руското однесување може да се спореди со акциите на западните земји во слични ситуации, изјави Чуркин.







►◄