1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грузиски фоторепортери шпионирале за Русија

Грузиското министерство за внатрешни работи потврди дека тројцата уапсени фоторепортери се осомничени за шпионирање во корист на Русија.

default

Антируски демонстрации во Грузија

Два дена по апсењето на тројца домашни фоторепортери, грузиските власти и официјално потврдија дека тие се осомничени оти им пренесувале важни државни информации на властите во Русија. Меѓу тројцата познати фоторепортери кои беа уапсени во четвртокот, се наоѓа и личниот фотограф на грузискиот претседател Михаил Сакашвили.

Министерството за внатрешни работи тврди дека кај уапсените пронашле тајни информации за движењето на грузискиот претседател и планови на административни згради.

Според наодите на истрагата, директно поврзан со руското министерство за одбрана бил Зураб Курцикидзе, фоторепортер на агенцијата „Јуропиан Пресфото“. Другите двајца фоторепортери, од кои едниот работел во служба на шефот на државата, а вториот во министерството за надворешни работи, добивале пари од Курцикидзе за фотографии кои потоа биле испраќани во Москва.

Тројцата фоторепортери денеска треба да бидат изведени пред суд во Тбилиси, на сослушување зад затворени врати.

Автор: БГ/ афп/ ројтерс

Редактор: Александра Трајковска