1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски ќе се сретне со Расмусен во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на седиштето на НАТО во Брисел, каде е предвидено да разговара со Генералниот секретар на алијансата, Андерс Фог Расмусен.

default

Груевски освен средба со Расмусен ќе има и обраќање пред Северно-атланскиот совет

Премиерот Груевски покрај средбата со Расмусен во Брисел треба да се обрати и пред Северно-атланскиот совет, како највисоко политичко раководно тело на НАТО. Се очекува на средбите и во обраќањето пред Советот да стане збор за позициите на Македонија пред одржувањето на самитот во Чикаго во мај, а во контекст на декемвриската пресуда на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Претходно Груевски порача дека земјата максимално со своите капацитети е вклучена во остварувањето на стратешките цели – членство во НАТО и ЕУ.

„Независно што постојано искажуваме незадоволство од она што се случува од страна на Грција, а имаме причина за тоа, затоа што тие избегнуваат средби и не сакаат решение за проблемот, ние сме максимално активни и работиме колку што е можно на сите полиња, од сите можни страни да придонесеме да се смени ситуацијата, Република Македонија да успее во напорите за влез во НАТО и почеток за преговорите со ЕУ, иако тоа не е едноставно прашање, бидејќи се работи за ситуација во која Грција е во ЕУ и НАТО и ги има сите права како член, вклучувајќи го и правото на вето“, рече Груевски.

Автор: СН/ АМ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска