1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски ја составува новата влада

Во Скопје продолжуваат консултациите за формирање нова владина коалиција. Аналитичарите не ја исклучуваат можноста во новата влада да влезат двете албански партии ДУИ и ДПА.

default

Мандатарот Никола Груевски го подготвува новиот владин кабинет

Во партиските кругови во Скопје владее комплетна конспирација за кого мандаторот Груевски ќе се определи да соработува во идната влада. Се очекува нова рунда преговори со шефоите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Медух Тачи, но и до овој викенд да се знае кој ќе биде новиот коалиционен партнер.

Аналитичари во Скопје не ја исклучуваат можност дека американската админситрација испратила порака до Македонија, дали и двете албански партии да бидат дел од владата. Заменик помошникот американски државен секретар Розмари ди Карло оваа идеја ја тестирала и на работен ручек со независни интелектуалци и новинари пред се’ од албанската етничка заедница.

Не е исклучено во изборот мандатарот Груевски да се води и од идејата за предвремени локални избори, што во јавноста проструи токму од кругови на ВМРО ДПМНЕ. Но за тоа е потребно да се смени законот за општините односно за територијалната поделба, за што пак треба најмалку 81 глас, односно употреба на Бадентеровото правило, колку што практично би имале ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Вториот аспект е името

Албанскиот фактор сака да биде активен дел од преговорите. Од друга страна невообичаена е дипломатската активност на Атина, откако премиерот Груевски побара да се отвори егејското прашање и комплетната кошничка на малцински права во Грција. Лидерот на ДПА Мендух Тачи пред шест месеци изгледа погоди кога со грчко-македонскиот спор ги поврза и стравовите на Атина од албанското национално малцинство во Грција.

Без огледа на функционирањето на владата како техничка, новиот парламентарен состав во Македонија е во продуктивна законска фаза. Досега се усвоени десетина закони, но со помал вербален отпор од страна на опозицијата.

DW.COM