1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: Шекеринска е „марионета“ на Црвенковски

Премиерот Никола Груевски смета дека Радмила Шекеринска е фигура на Бранко Црвенковски за следните избори, која ќе треба да го покрие неговиот пораз и да ја преземе одговорноста за поразот на СДСМ на изборите.

default

Никола Груевски

По најавите од опозициската СДСМ дека Радмила Шеќеринска веројатно ќе биде кандидат за премиер од редовите на оваа партија, премиерот Никола Груевски денеска ја нарече Радмила Шекеринска “марионета“ на Бранко Црвенковски која во изминатите 19 години слепо го следела и ги поддржувала неговите политики.

Radmila Sekerinska von der SDSM Partei in Mazedonien

Радмила Шекеринска

„ Бранко Црвенковски и Радмила Шекеринска се блиски соработници и на некој начин се лице и опачина во изминатите 19 години. Тие имаа постојана и константна соработка во овие 19 години и веројатно заедно и ќе ја завршат кариерата на следните парламентарни избори со она што ќе следува. Радмила Шекеринска својата кариера во овие 19 години ја градеше на еуфорична поддршка и слепо следење на политиките на Бранко Црвенковски кои јас би ги нарекол погубни за Република Македонија и, веројатно, ова е некаков вид награда за неа, можеби и така го чувствува. Но, тие политики во голема мера направија многу штета за развојот на Република Македонија и за граѓаните. Ако ова требаше да претставува некакво изненадување кое СДСМ тензично го најавуваше, гледам дека нема никакво изненадување. Личноста која 19 години слепо го следи и го слуша Бранко Црвенковски и еуфорично ги поддржува неговите политики денеска тој ja стави за своја марионета за следните избори која ќе треба да го покрие неговиот пораз и да ја преземe одговорноста за поразот на СДСМ на следните избори“, рече Груевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е фокусирана на партиската програма за претстојните парламентарни избори.

Автор: СН/АТ/миа

Редактор: Симе Недевски

DW.COM