1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски – Филе: Почетокот на преговорите зависи од Грција

По состанокот, Груевски оцени дека главна пречка за почетокот на преговорите со ЕУ останува Грција. Се очекува соопштение од кабинетот на Филе

Последниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија и спорот за името со Грција биле главните теми на кои разговарале премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел. Двајцата соговорници се заложиле дека на процесот на евроинтеграциите на Македонија му е потребна динамика, а ова би можело да се оствари преку висок пристапен дијалог. И Груевски и Филе согласни дека блокирањето од Грција е една неодржлива состојба и дека мора да се пронајде начин за тоа како да започнат пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ.

„Се надеваме дека ќе се најде решение како да се придвижат работите во правец на започнување на преговорите, иако тоа не е лесно прашање и не зависи од самиот Филе, зависи од друг, од нашиот јужен сосед. Меѓутоа и нему не му е сеедно што е ваква ситуацијата, пет години по ред добиваме позитивни извештаи и препораки за почеток на преговори, пет години по ред Европскиот совет не е во можност таа препорака да ја преточи во преговори заради една земја членка, односно нејзиното противење на нашето име на државата“, изјави премиерот Груевски по средбата, додавајќи дека со еврокомесарот разговорале за сите релевантни политички случувања во земјата.