1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски уверен во изборна победа

ВМРО ДПМНЕ ја објави коалицијата со којашто ќе настапи на изборите. Премиерот Груевски очекува победа на предвремените парламентарни избори. ДИК ги потврди и листите на останатите партии кои влегуваат во изборната трка.

default

Груевски очекува втор премиерски мандат

Коалицијата којашто ја предводи ВМРО ДПМНЕ ја сочинуваат дваесетина партии. При промоцијата на 120-те кандидати за пратеници, лидерот и премиер, Никола Груевски најави економски промени и преродба. Ги повика граѓаните на масовен одзив за да се казни опозицијата којашто до сега ги кочела реформите. Во меѓувреме и Државната изборна комисија ги потврди конечните листи на сите партии коишто ќе учествуваат на предвремените избори на 1 јуни. Но, повторно се појавија и листи со таканаречени „двојници“.