1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: Турција е важен партнер за Македонија

Можностите и предностите за инвестирање во Македонија, владиниот тим денеска ги претстави пред стопанствениците во Кајсери, центар на дрвната индустрија во Турција.

default

Груевски на чело на делегацијата во потрага по турски инвестици

На бизнис-форумот се присутни 150 компании, главно од дрвната индустрија, прехранбена, градежништво, електроника...

Македонскиот премиер Груевски посочи на макроекономската стабилност, нискиот буџетски дефицит, претпазливото задолжување, рамниот данок, воведениот едношалтерски систем, регулаторната гилотина и други реформи кои позитивно влијаат врз бизнис-климата во Република Македонија.

„Врз основа на овие активности успеавме да привлечеме познати странски компании во технолошко-индустриската развојна зона во Скопје. Воедно во тек е основање на уште три ТИРЗ- една во Штип, во Тетово и уште една во Скопје. Овие зони нудат низа поволности како ослободување од данок на добивка и данокот на доход во првите 10 години, даночно ослободување на реинвестираната добивка и ослободување од административни такси. Во зависност од висината на инвестицијата Владата дава до 500.000 евра за израмнување на земјиштето кое се дава под закуп по поволни услови за период до 99 години и обезбедени инфраструктурни погодности како што е бесплатно приклучување до гас, електрична енергија и комунално поврзување“, истакна премиерот Груевски.

Тој додаде дека на македонскиот пазар веќе се присутни огромен број турски бизнисмени чии одлични искуства се најдобриот аргумент дека Македонија брзо прераснува во мошне привлечна европска бизнис-дестинација.

„Вашата земја не е само еден од нашите најголеми сојузници, туку е и важен трговски партнерза Република Македонија“, рече премиерот Груевски, изразувајќи надеж дека овој бизнис-форум ќе ја продлабочи економската соработка меѓу Турција и Македонија.

Владин тим вечер ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија пред бизнисмените и во градот Коња.

Türkischer Ministerpräsident Erdogan und mazedonischer Ministerpräsident Gruevski in Skopje.

Добри деловни односи-турскиот премиер Ердоган со премиерот Груевски на аеродромот во Скопје, што е турска инвестиција, архивска снимка

Економската презентација на Македонија во Турција стартуваше синоќа во Истанбул, а утре и задутре продолжува во Газиантеп, потоа во Измир и Бурса, а премиерот Груевски во Анкара ќе има средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Турските инвестиции во Македонија кои досега изнесуваа 180 милиони долари се очекува во наредниот период да достигнат до 500 милиони. Како области во кои може да се очекуваат вложувања се производството на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, потоа бизнис-услуги и аутсорсинг, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Б. Георгиевски

DW.COM