1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски тврди дека владата ги почитува медиумите

Македонскиот премиер Никола Груевски на седницата на парламентот посветена на пратенички прашања изјави дека неговата влада „со ништо не придонесла за каков било негативен извештај поврзан со медиумите“.

default

„Секој граѓанин што следи медиуми може добро да види дали Владата ги контролира медиумите или можеби тоа го прави некој друг“, истакна македонскиот премиер Никола Груевски во одговор на пратеникот од СДСМ Андреј Петров - дали чувствува одговорност за падот на слободата на медиумите во Македонија за 34 места.

Премиерот најави дека Владата ќе продолжи да дава поддршка за демократски развој на сите медиуми во секоја можна форма, како и дека ќе го анализира извештајот за падот на слободата на медиумите во државата, односно која била користената методологијата и дали била на база на анкета на одредени новинари. Согласно анализата ќе се утврди што може да се подобри:

„Ова е Влада која ги почитува медиумите. Никому ништо не е сторено во државава додека оваа Влада е на власт во медимите. Секогаш кога сме во можност да помoгнеме било што во развој на демократијата на медиумите тоа и го правиме. Владата е исклучиво заинтересирана за независност и непристрасност на медимите и ќе продолжиме да вложуваме напори во тој правец“, рече Груевски.

Петров во реплика рече дека не е задоволен од одговорот бидејќи според него, тврдењата на премиерот декларативно звучат добро, но оти реалноста била сосема поинаква. Тој побара Владата да ги прекине трансферите во медиумите, за како што рече, тие да можат да работат со сопствените вредности, а новинарите без автоцензура.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Александра Трајковска