1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: Спорот со Грција ќе трае уште долго

Македонија е подготвена за разговори за надминување на спорот со Грција, но решението не треба да биде на штета на македонскиот идентитет и државност, изјави македонскиот премиер Никола Груевски во интервју за „Ди Велт“

default

Никола Груевски и Ангела Меркел во Берлин

Груевски во разговорот за германскиот весник посочува дека членството во НАТО и ЕУ е од национален интерес и земјата прави се‘ тоа да се реализира, но прогнозира дека спорот ќе трае „уште пет години, можеби и подолго“.

„Нашиот влез во НАТО и ЕУ предолго се одолговлекува поради спорот со името. Тоа за нашето стопанство е од витално значење, како и за мирот во Западен Балкан. Но, тука се работи за нашиот идентитет. Грција ни го оспорува правото да се викаме како што тоа е за нас правилно и неопходно: Македонија. Меѓународниот суд на правдата е на наша страна“, вели Груевски.

Тој оценува дека по доаѓањето на Лукас Пападимос на чело на грчката влада не дошло до никаква промена во грчките позиции.

„За жал, на прашањето морам да одговорам со не. Новиот грчки премиер јасно повтори дека решавањето на прашањето со името не е во неговата агенда. Тој најверојатно има доволно други проблеми. Ништо не се придвижува. Но, ние се надеваме и остануваме на тоа“, вели Груевски.

Frau liest Tageszeitung Die Welt

На прашањето зошто Македонија го преименувала аеродромот во Скопје „Александар Велики“, Груевски одговара дека и Грција го именувала аеродромот во Солун- „Македонија“.

Во однос на обидите на големите сили да помогнат во решавањето на спорот, Груевски наведува дека САД се обидувале „во рамките на нивната балканска политика“ да помогнат, но без успех. За Германија, вели Груевски, ова прашање не е од високо значење.

Посочува дека спорот со името, пак, не преставува пречка за економските односи со Грција.

„Забележуваме се повеќе грчки фирми покажуваат интерес за инвестирање на нашата страна од границата. Тоа се базира на ниските плати, но пред се, бидејќи кај нас не постојат бирократски бариери, кои што секогаш постоеле кај нашиот јужен сосед и го кочат иустрискиот развој“, вели Груевски во интервјуто за германскиот весник.

Автор: БГ/миа/ди велт

Редактор: Е.М.Фиданоска