ДПА го блокира натамошното работење на анкетната комисија која ги истражува причините за неодамнешните инциденти во собранието.
Зградата на Парламентот во Скопје
Иако истече рокот за конечните резултати на собраниската анкетна комисија, претседателот на парламентот Љубиша Гергиевски денеска напладне не успеа да обезбеди согласност од ДПА за нејзино учество во истражувањето на мотивите и иницијаторите на физичките пресметки во парламентот. Во обидот да се деблокираат политичките релации на институциите премиерот Никола Груевски со писмо до претседателот Бранко Црвенковски секој прв понеделник во месецот заедно да разговараат за виталните државни интереси.