1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски со отчет за сработеното

Исправен концепт кој дава резултати преку отчетност, работа, посветеност и одговорност - вака македонскиот премиер Никола Груевски го оцени четиригодишното работење на Владата, во денешниот отчет за сработеното.

default

Никола Груевски даде отчет за она што Владата го сработила за 4 години

„Константа за оваа Влада во изминатите четири години е работата. Имавме конкретна програма со рокови и работевме на нејзино оставрување. Не ветивме невозможни работи, туку работа, посветеност и одговорност. По четири години тоа останува обврската по која се движиме и веруваме дека ќе не‘ доведе до вистинската цел - достоинство“, рече Груевски.

Времето на функционирањето на Владата го подели на два периода - првите две години без економска криза и вторите две години, како што посочи, со најголема светска екекомска криза во изминатите 80 години, што ја погоди и македонската економија. Груевски истакна дека во првите две години е оставарен најголем пораст на БДП од осамостојувањето на Македонија, раст на извозот од рекордни 60 отсто, зголемени директни инвестиции од близу милијарда евра, драстично намален јавен долг... Тој ги посочи и воведениот рамен данок од 10 отсто, намалената стапка на пензиско и инвалидско осигурување, реформата бруто плата, проектот за самовработување, 20-кратното зголемување на субвенициите за земјоделците, издвојувањата за образованието, предвреме исплатениот дел од надворешниот долг...

Потврда за сработеното, како што рече, се признанијата што ги добила Македонија од Светската банка и од други меѓународни организации.

Добрите резултати во првите две години ги прекина светската економска криза, истакна македонскиот премиер. Со владините антикризни мерки, според премиерот, биле намалени последиците од кризата и не се дозволило зголемување на даноците и кратење на пензиите и платите, како во други земји кои беа погодени од кризата.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM