1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Груевски се сретнал со Тачи и Петковски

*

Македонскиот премиер Груевски потврди дека синоќа имал средба со лидерите од владеечката коалиција, Мендух Тачи од ДПА и Тито Петковски на НСДП.

„Поставивме основи за надминување на недоразбирањата и за намалување на партиските судири“ ,изјави премиерот кој не откри и дали на средбатата разговарале и за реконструкција на неговиот кабинет. Од високи владини извори се дознава и дека ДПА ќе се откаже од најавената интерпелација против вицепремиерот од редовите на НСДП, Јанкуловски.Причина за спорот меѓу ДПА и НСДП, беше тоа што новите социјалдемократи гласаа за интерпелација на заменик министерот Елмази од ДПА.