1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: СДСМ има време до в недела да ја прифати подадената рака

Македонскиот премиер за настанатата политичка криза во земјата го обвинува СДСМ. Еврокомесарот Филе доаѓа за заеднички да се направи обид за решавање на работите, вели Никола Груевски.

Еврокомесарот Штефан Филе исто како нас е загрижен за состојбите со кои се соочуваме. Тој и во минатото се обидуваше да помогне и очигледно е дека и утре повторно ќе дојде во обид со заеднички сили да направиме напори да се решат работите, истакна премиерот Груевски во одговор на новинарско прашање по посетата на поплавените куќи во населбата Ливади, во Свети Николе.

„Подготвени сме за разговор врз основа на нашите принципи и позиции кои ги поставивме, но се надевам дека разумот ќе преовлада кај првиот човек на СДСМ зашто практично се‘ доаѓа од него“, рече Груевски.

Направивме многу иницијативи со кои сакавме да му подадеме рака на СДСМ да излезе од оваа ситуација во која сам влезе, но ја внесе и државата, истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за политичката состојба во Македонија.

Груевски потсети дека за надминување на состојбата имаше свикано лидерска средба, на 13 февруари даде посебен пакет, за иницијативите на претседателот Ѓорге Иванов и на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, меѓутоа, нагласи, сите иницијативи беа отфрлени од страна на СДСМ со, како што рече, нивното неразумно однесување.

„СДСМ прават сериозни грешки со ова што сега се случува. Влезени се во некој нивни филм дека немало да се повлечат, дека ќе прават борба итн. Значи, во еден затворен систем во посебен филм во кој од штета во штета се оди и за нив како партија и за државата“, изјави Груевски во Свети Николе, по обиколката на подрачјата зафатени од поплави.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ смета дека опозицијата има време да размисли до недела за подадената рака.

„Измената на Законот е донесена во Парламентот. Можноста е на маса и се надевам дека и таму ќе преовлада разумот и дека ќе ја променат нивната одлука што ја донесоа, истакна премиерот Груевски. Тој го обвини СДСМ за доведување во прашање на евроатлантските интеграции.

На прашањето дали ќе биде задоволено барањето на СДСМ за организирање
предвремени парламентарни избори доколку учествува и победи на локалните избори, Груевски дециден -нема да бидат прифатени таков тип уцени, а веќе дека веќе им се направени попуштања на СДСМ.
„Направивме измени на Законот со кои овозможивме и на некој начин им подадовме рака да се вратат во еден нормален колосек“, рече Груевски.