1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Груевски пред парламентот за разговорите со ДУИ

*

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во парламентот изјави дека на разговорите со ДУИ не бил постигнат договор за двојазичност во земјата, закон за поранешните припадници на ОНА и избор на влада по принципот на бадентерово, двојно мнозинство. Груевски образложи дека со Али Ахмети договорил 45 те закони кои ќе бидат дел од собранискиот деловник да се гласаат со двојно мнозинство, составот на Комитетот за етнички заедници на собранието да биде конторилирано од опозицијата, како и донесување закон за Комитетот за етнички заедници. Се очекува пред пратениците да зборува и лидерот на ДУИ Али Ахмети.