1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: Почит кон народот наместо ароганција

„Вистината секогаш победува“ е мото на 14-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што денеска и утре во присуство на 617 делегати се одржува во Битола. Се очекува за претседател да биде реизбран лидерот и премиер Никола Груевски.

default

Никола Груевски

„Да се зборува вистината е нова политичка филозофија која не се вклопува во старата политичка матрица“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски обраќајќи се пред присутните делегати и бројни гости на Конгресот, притоа нагласувајќи дека сепак се покажало оти тоа е исправна политика.

Груевски посочи дека основата на успехот на партијата е во тоа што победите на изборите доаѓаат поради многу работа и посветеност, поради континуираниот контакт со народот, поради нулта толеранција на корупцијата и поради почитта на својот народ.

„Да останеме она што бевме, со почит кон секого. Почит, наместо ароганција – тоа не‘ разликува од нашите претходници“, истакна Груевски.

„Нема да се откажеме земјата да стане дел од НАТО и ЕУ, но ќе го браниме и името, нешто кое никој не ни дал право за да се откажеме од него“, истакна Груевски.

Bitola Sirok Sokak, Mazedonien

Утре напладне ќе се изврши изборот на претседател на партијата, по што ќе следи негово обраќање. Претходниот конгрес ВМРО-ДПМНЕ го одржа во Штип во 2007 година под мотото„Обединети кон целта“. Груевски за лидер беше избран на Kонгресот во Охрид во 2003 година, а противкандидат му беше Марјан Ѓорчев. На тој конгрес по13 години од лидерската позиција на партијата се повлече Љубчо Георгиевски поради загубените избори.

Автор: ЖА/АТ/миа/макфакс

Редактор: Александра Трајковска