1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: Постапката за случајот со отстранувањето на новинарите ќе има завршница

Македонскиот премиер Никола Груевски на прашањето на пратеникот Имер Алиу околу отстранувањето на новинарите од галеријата на Собранието пред два дена, рече дека се води постапка, која ќе има и завршница.

На прашањето што презел во овие четири дена за да се откријат одговорните за отстранувањето на новинарите од Собранието при донесувањето на Буџетот за 2013 година, поставено од пратеникот Имер Алиу на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, премиерот одговори:

„Се произнесов во јавноста уште истиот ден кога се случија тие настани и изразив жалење за непријатностите со кои се соочија новинарите. Потоа следуваше и објаснување од страна на претседателот на Собранието кое беше лиферувано во медиумите по писмен пат. Тој случај си има своја постапка и веројатно ќе имаи завршница.“

Груевски додаде дека жали и за она што им се случувало на новинарите надвор од Парламентот:

„Треба да се осудат таквите чинови од сите страни, како оние во Собранието, така и оние надвор од законодавниот дом, за кои би рекол дека беа слични, па дури и полоши, бидејќи имавме обид за напад на новинар од страна на градоначалник од опозицијата“, потенцира Груевски.

Поврзана содржина