1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: „Покажавме дека различните култури можат заедно“

Македонија одбележа две децении самостојност. Централната прослава беше под мотото „20 години државност-20 години независна Македонија-заедно под едно сонце“. На плоштадот во Скопје зборуваше премиерот Груевски.

default

Никола Груевски на прославата во Скопје

Македонскиот премиер Никола Груевски во својот говор на централната прослава по повод 20-годишнината од независноста на Македонија повика на национално обединување со цел просперитет на државата. Тој побара од секој граѓанин и од секој поединец да работат во името на идејата за подобра и попросперитетна Македонија.

„Во овие 20 години создадовме независна македонска држава. Поминавме и добро и лошо, конфликти и помирување, но покажавме дека различните култури можат заедно. Тој систем не е совршен, но ќе му помогне на секого да го најде своето место“ рече Груевски.

Тој порача дека печат на сите напори треба да биде членството на Македонија во Европската унија и НАТО, но тоа да се дочека гордо и со крената глава, а не со решенија кои што ќе предизвикаат фрустрации.

„Ме прашуваат која е нашата политика за името. Ова е концептот за кој се залагаме, од ова не отстапуваме и бараме поддршка од сите од граѓаните на Македонија. Нема промена на Уставот, со цел промена на уставното име, а тоа е Република Македонија. Нема да прифатиме идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик. Нема да дозволиме кое било решение да биде прифатено од страна на политичари и поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството на граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласи со можното решение. Ајде сите да се обединеме околу ова. Ајде ова да бидат нашите црвени линии“, повика Груевски, додавајќи оти обединети граѓаните се посилни и помоќни.

 

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Жана Ацеска