1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски повторно иницира средба со Самарас

Македонскиот премиер Никола Груевски преку допис до лидерот на Нова Демократија Андонис Самарас, по вторпат иницира нивна заедничка средба. Првиот обид беше во Марсеј на Конгресот на Европската народна партија.

default

Македонскиот премиер Никола Груевски

Упатувајќи Ви изрази на Високо почитување, дозволете ми да истакнам дека евроатлантските интеграции на Република Македонија имаат исклучително значење за македонската Влада и за граѓаните на мојата земја. Исто така, за нас од особено значење е доследното почитување на Времената спогодба од 1995 година, како и изнаоѓањето на взаемно прифатливо решение за разликите за името со Вашата држава. Исчекорувањето напред во евроатланските интегративни процеси на една земја од регионот ќе биде од големо значење и за стабилноста, просперитетот и придвижувањето напред и на регионот во целина, се вели во дописот.

Реакција на шпекулациите во грчките медиуми

Krise und Regierung in Athen Griechenland

Андонис Самарас

Во дописот премиерот Груевски појаснува дека повод за неговото обраќање до Самарас се шпекулациите кои се појавија изминативе денови во дел од грчките медиуми, во кои се пласираше неточна теза дека наводно, воопшто не постоела покана или обид за средба со него за време на одржувањето на Конгресот на Европската народна партија во Марсеј.
„ Затоа, ја користам оваа прилика да го изразам моето чувство дека можеби станува збор за грешка или забуна на авторот, кој ја пласирал таа неточна теза во грчките медиуми, како и уште еднаш да го повторам мојот интерес за реализирање на заедничка средба. Оттука, би сакал со овој допис, а во интерес на динамизирање на дијалогот помеѓу нашите две држави, да Ве поканам на средба која би се организирала што е можно поскоро, во време и на место, кое што Вам Ви одговара. На тој начин сметам дека би се реализирале заложбите за продолжување на дијалогот околу суштинските прашања од взаемен интерес и истовремено би придонеле во стремежите за заеднички просперитет во градењето взаемна доверба и разбирање, вели премиерот Никола Груевски и изразува надеж за подобра иднина и искрена соработка.
На крајот на дописот уште еднаш нагласува дека одредувањето на местото и времето на средбата му гопрепушта на Самарас.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM

Поврзана содржина