1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски очекува Бугарија да го затвори прашањето за ОМО Илинден Пирин

Македонскиот премиер Никола Груевски смета дека Софија ќе најде начин да го реши прашањето со ОМО Илинден Пирин. Според него, ова е во интерес и на Бугарија.

default

Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски очекува Бугарија бргу да го реши прашањето за регистрација на партијата на Македонците во оваа земја, ОМО Илинден Пирин. Груевски оцени дека процесот зависи од бугарските правосудни органи, а не од владата во Софија. Ваквата реакција на шефот на владата следува по изјавата на бугарскиот премиер Сергеј Станишев, кој за време на посетата на Македонија, на заедничката прес-конференција со Груевски изјави дека ОМО Илинден Пирин повеќепати поднесувала некомплетни документи бидејќи не сакала да биде регистрирана. Груевски вели оти лично не верува дека работите околу регистрацијата на ОМО Илинден Пирин се одвиваат на начин на кој го презентираше Станишев. „Тоа е негово мислење и секој има право да го каже својот став“. Тој соопшти дека претходно на оваа тема разговарал со Станишев и изрази надеж дека Софија ќе најде начин за брзо решавање на прашањето, за кое смета дека е и во нивен интерес.

Македонија и Грција пред судот во Хаг на 19 јануари

Македонската страна инаку е подготвена за продолжување на преговорите со Грција во спорот околу уставното име. Се’ уште е неизвесно дали до крајот на годината медијаторот Метју Нимиц ќе закаже нова рунда преговори меѓу двете страни. Македонскиот премиер Никола Груевски изјави дека новиот преговарач, амбасадорот во САД, Зоран Јолевски, е подготвен за продолжение на процесот. Груевски најави дека ќе разговара со Јолевски, кој деновиве допатувал во Скопје.

Internationaler Gerichtshof in Den Haag

Меѓународниот суд во Хаг

Застапниците на Македонија и Грција на 19 јануари во Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе ја одржат првата официјална средба. Двете страни треба да разговараат за текот на процесот во кој Македонија ја тужи Грција за прекршување на привремената спогодба од 1995 година. Застапник на македонската страна е министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, а ко-застапник, амбасадорот Никола Димитров. Ад хок судија на Македонија во судот во Хаг е професорот Будислав Вукас од Хрватска. Грчкиот тим застапници ќе го предводи амбасадорот на Грција во Холандија, Константинос Ралис. Македонија ја поднесе тужбата против Грција на 17 ноември. Властите во Скопје сметаат дека Грција ја прекршила привремената спогодба на самитот на НАТО во Букурешт, кога Македонија не доби покана за членство во Алијансата. Македонија бара Меѓународниот суд на правдата да и’ наложи на Грција да ги почитува своите правни обврски предвидени во спогодбата.

DW.COM