1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски: ова е пософистицирано отколку во Букурешт

Заклучокот на министерскиот совет за Македонија во ЕУ е софистицирана верзија на Букурешт, оцени денеска од Брисел македонскиот премиер Никола Груевски.

default

Никола Груевски

„Овојпат тоа е направено на малку пософистициран начин отколку што тоа беше во Букурешт, иако оставањето можност ЕУ да се наврати на прашањето, остава некоја надеж дека нешто можеби ќе се придвижи во тој правец“, изјави Груевски.

Дебатата за Македонија одложена

Министрите на ЕУ во своите заклучоци ја презакажаа дебатата за Македонија за време на шпанското претседателство, кое ќе трае од јануари до први јули 2010-та.

Македонскиот премиер му се заблагодари на шведскиот претседавач и министер за надворешни работи Карл Билт за неговите силни напори во Советот за Македонија. Вложен е голем труд од страна на земјите членки на ЕУ, призна Груевски.

„Јас сум многу благодарен што Карл Билт вложи огромни напори, а имаше и многу други земји, кои дадоа сериозна поддршка за Македонија. Меѓутоа, грчкиот претставник настапи онака како што најавуваше, а сите други не можат да го натераат да се согласи. Кога забележаа колку е упорен и колку е сериозна неговата намера да го попречи добивањето датум за Македонија - едноставно кренаа раце, бидејќи не можат да одат против правилата на Европската унија. Од тој аспект, јас сум многу задоволен што шведското претседателство, шведскиот министер за надворешни работи и многу други министри за надворешни работи, не би ги набројувал, за да не ги доведувам во непријатна ситуација, вложија навистина енормни напори Макеоднија да добие датум за почеток на претпристапните преговори“, изјави Груевски.

Македонија се надеваше да добие датум за почеток на преговори на овој министерски совет, или во најмала рака датум за датум, односно прецизна временска рамка кога би се одлучувало за стартот на преговори за членство во ЕУ.

Компромисот со Грција на крајот беше да се постави полабава временска рамка и да се избегне ветото на Атина.

Europa Mazedonien

Грција не била осамена

Дипломатите во Советот велат дека Грција не била единствената држава против одредувањето даум за преговори за Македонија на денешниот состанок.

ЕУ очекува во наредните шест месеци да се одвијат напорите за изнаоѓање решение за името. Македонскиот премиер Никола Груевски порача дека Македонија останува во преговорите за името и дека ќе продолжи и со реформските напори.

Во заклучоците ЕУ бара дополнителни напори во борбата против корупцијата и обезбедување независно и функционално судство.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска