1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски не се откажува од дијалог со Грција

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска најави продолжување на напорите за воспоставување дијалог со Грција, но одби да го коментира одговорот на грчкиот премиер Андонис Самарас на неговото писмо.

„Ќе сториме се‘ што е во наша моќ да воспоставиме дијалог. Нашата борба е прво за дијалог, а потоа и за решение, бидејќи за да се дојде до решение потребен е дијалог, а гледате што се случува од другата страна“, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Притоа тој истакна дека не би сакал да даде коментар на одговорот на Самарас од четвртокот на писмото што македонскиот премиер му го упати пред три недели.

„Сметам дека е подобро да не коментирам од причина што, што и да кажам пак ние ќе бидеме виновни. Јавноста нека суди. Секој мој коментар може да биде повод за нови обвинувања и вадење од контекст. Гледам сега дека медиумите им се виновни. Што и да кажам ќе биде протолкувано дека сме некакви националисти, дека немаме добри намери дека немаме добра волја, поради што би се воздржал од коментар“, рече Груевски.

Самарас негативно одговор на предлогот на Груевски за создавање преговарачки тимови на повисоко ниво со цел да се надмине застојот во спорот за името помеѓу двете држави.